Denicija

1_4
Дениција е нов ресторан за свадби, настани и прослави, дизајниран и воден од тимот на ресторан Везилка. Ресторанот ќе има капацитет од 400 гости, 250 на отворена летна тераса и 150 во затворен дел. Една од предностите на Дениција е што терасата ќе се затоплува и ќе се користи и во зимски услови, додека пак, внатрешниот дел ќе се отвора и ќе се користи и за летни прослави.Ова прилагодување овозможува користење на целиот капацитет на ресторанот во текот на целата година.
Отворањето на Дениција е планирано за сезона есен/зима 2017.